Министерот за економија Крешник Бектеши е позитивен на коронавирус

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Резултатот од тестирањето го добил денеска и, како што пишува, нема никакви симптоми и се чувствува добро.

– Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на Ковид-19, тестот е направен утрово.

За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за Ковид-19, наведува Бектеши.

Тој ги повика граѓаните да се придржуват кон протоколите и мерките за заштита од коронавирусот.

– Здравје и среќа за сите!, ви посакувам сè најдобро  вам и на вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!, напиша Бектеши.

Би можело да ве интересира

Судот го прифати предлогот на Обвинителствo – Крешник Бектеши оди во куќен притвор

А1он

ДУИ: Само Бектеши останува во притвор, другите инволвирани се на слобода

Горан Наумовски

Османи и Адеми кај семејството на притворениот Крешник Бекштеши за Рамазан Бајрам

Крешник Бектеши ќе дава свој исказ во Основниот суд во Кочани

Миланов: Бектеши e задржан во полициска станица поради натамошни проверки

Крешник Бектеши повикан на информативен разговор во полициска станица

А1он