Министерот за дијаспора Адеми во посета на Хрватска

Од:

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми, кој престојува во Република Хрватска, во хрватското Собрание се сретна со пратеничката Ермина Лекај Прљаскај, претседателот на Советот на албанското национално малцинство на град Загреб Шуип Зибери и почесниот конзул на РМ во Задар и претседател на УО на ИВЗ во Република Хрватска Гзим Реџепи.

На оваа средба, како што соопштија од кабинетот на Адеми, била констатирана поддршката од страна на домаќините за новите чекори кои што ги презема новата Влада на Република Македонија во делот на дијаспората.

Во Државниот уред за Хрвати надвор од Република Хрватска, министерот Адеми се сретнал со државниот секретар Звонко Милас, со кого разговарал за Националната стратегија која треба да ја изготви Владата на Република Македонија.

На средбата било истакнато дека во секој сегмент може Република Македонија да ја очекува поддршката од страна на Република Хрватска околу ова прашање.

Адеми и Милас констатирале дека треба што побргу да се организира меѓувладина мешовита седница, која според редоследот треба да одржи во Република Македонија.

По овие две средби во Загреб, министерот Едмонд Адеми имал заедничка средба и прес-конференција со градоначалникот на Бјеловар Дарио Храбек, каде бил презентиран патоказот кон остварување на потребите на дијаспората и нејзино институционализирање во Република Македонија.

На оваа средба се разговарало и за можностите за динамизирање на трговската соработка меѓу двете земји.

Меѓу другото, посетата во Бјеловар министерот Адеми ја искористил и за средба со тимот на фабриката за кондиторски производи Кестлин.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Дијаспората лани испратила во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка