Министерот Тодоров во Германија договара обуки за македонските лекари

Од:

Министерот за здравство Никола Тодоров кој престојува во неколкудневна работна посета на Германија, ќе има повеќе работни средби со менаџментот на реномирани здравствени институции. Целта е обезбедување обука за лекарите во насока на спроведување добра медицинска пракса и посета на германски стручњаци со акцент на интервенции кои не се вршат во Македонија.

Во текот на работната посета, Тодоров, како што соопшти Министерството за здравство, веќе имаше работна средба со менаџментот на Универзитетскиот медицински центар во Хамбург-Епендорф, каде беше потпишан Меморандум за соработка со посебен акцент на остручување медицински кадри за дефицитарни струки и специјалности, кои се дел од Програмата за дообучување соодветен специјалистички кадар од македонските болници во реномирани медицински центри во странство.

Универзитетскиот Медицински Центар Хамбург-Епендорф е најголема болница во Хамбург, во која годишно се лекуваат 260.000 пациенти амбулантски и се хоспитализираат околу 80.000 пациенти, а над 113.000 пациенти со ургентна патологија се третираат секоја година. Во овој центар се достапни голем број терапевтски и дијагностички процедури, терапија за метаболни болести, алергии и невролошки болести, како и ендоскопски техники по што овој Центар е и интернационално препознаен. На Одделите за радиологија и неврорадиологија се достапни широк спектар на модерни имиџинг техники. Истовремено се инвестира и во нови идеи во истражувањето и нови пристапи во дијагностиката и лекувањето. За регионот на Хамбург само во овој центар се изведуваат голем број од терапевтските процедури како и комплицирани хируршки процедури, особено на полето на трансплантација.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните