Министерот Сухејел Фазлиу на јубилејната Конференција за локална самоуправа во Косово

По повод 10-годишнината од усвојувањето регулативата за локалната власт, воедно и јубилејот од основањето на Косовскиот институт за локална самоуправа, министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, присуствуваше на Конференцијата посветена на локалната власт „10 години по децентрализацијата и конституирањето локалната власт.

На конференцијата присуствуваше премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај, амбасадорите на Швајцарија и на Кралството на Норвешка во Косово, нивната екселенција Жан- Хуберт Лебед и Странд Сјастад, министри и претставници на релевантните министерства, градоначалници на општини на Косово и од регионот и претставници на граѓански организации и од донатори.

Министерот Фазлиу во своето обраќање пред присутните зборуваше за процесот на децентрализација во Македонија, регионалниот развој, Програмите на ИПА фондовите на ЕУ и важноста на институционалната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово.

Децентрализацијата како процес во Македонија, истакна министерот Сухејл Фазлиу стана актуелна по 2001 година со потпишувањето на Рамковниот договор, кога се урна централистичката концепт на власта и беше воспоставен еден од основните столбови на овој Договор – децентрализација на власта.

Потребни беа големи напори и многу активности, при што се промени и прилагоди законската регулатива и од нулта точка официјално овој процес започна во 2005 година кога започна и фискална децентрализација на општините. Значи, како основни елементи на овој процес беа: Децентрализација на власта; Фискална децентрализација; Територијална организација; и зајакнување на општинските капацитети.

– Децентрализацијата не е одлука, туку долг и комплициран процес. Еден од предизвиците кој и понатаму останува клучен дел на оваа реформа е зајакнувањето на капацитетите на општините и рамномерениот регионален развој. Во оваа насока, беа подготвени конкретни програми кои се спроведуваат во континуитет а голема беше и помошта на Европската Унија со конкретни проекти. Сега, овој процес е во напредна фаза а на општините им беа пренесени надлежности во областа на образованието, културата, урбанизмот и просторното планирање како и надлежности кои се однесуваат за планираниот развој на општините. Резултатите се позитивни, а она што не охрабрува е дека со делегирањето на надлежностите се зголеми одговорноста на градоначалниците и општинските совети, додека во процесот на одлучување и дефинирање на приоритетите на развојот на општините се вклучуваат и граѓански организации и на бизнис секторот, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Министерот Фазлиу, зборуваше и за рамномерниот регионален развој на Република Македонија, како и Програмата за прекугранична соработка со Косово, со поддршка од ИПА фондовите на ЕУ.

На крајот, министерот Сухејл Фазлиу ја истакна важноста на институционалната соработка меѓу Република Македонија и Република Косово за взаемната размена на искуства и отворање на нови хоризонти за меѓусебна соработка.

Би можело да ве интересира

Фазлиу: Надлежните да направат анализи и да излезат со конкретни докази за евентуални злоупотреби

Ана Ололовска

Презентација на 16 проекти одобрени со грантовата шема за инвестиции

Ана Ололовска

Фазлиу во работна посета на Унгарија

Ана Ололовска

Општина Виница очекува државна поддршка за два рурални инфраструктурни проектa

Ана Ололовска

Ќе се инвестираат 4,7 милиони евра за 43 проекти во планските региони

Ана Ололовска

Работилница за проекти меѓу пограничните региони на Србија и Северна Македонија

Ана Ололовска