Министерот Спасовски во Шведска на самит за искоренување на насилството кај децата

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на покана на Владата на Кралството Шведска учествува на дводневниот глобален самит насловен како: “Агенда 2030 за децата: самит за изнаоѓање на решенија за искоренување на насилството“ што во организација на Владата на Кралството Шведска и меѓународната организација “Глобално пријателство“ се одржува во Стокхолм.

На Самитот присуствуваат високи претставници од речиси сите земји членки на Обединетите нации, како и претставници на УНИЦЕФ, Светската здравствена организација и повеќе реномирани меѓународни невладини и други организации, а е поделен во повеќе работни сесии, на кои што низ повеќе аспекти се дебатира и се носат одлуки за изработка на концизна стратегија за конечно искоренување на насилството врз децата.

Инаку, Република Македонија како потписник на Конвенцијата за правата на детето и повеќедецениски партнер на УНИЦЕФ , во рамки на правниот систем имплементираше низа законски и подзаконски акти во насока на заштита на децата и унапредување на нивните права, вклучително и преку Законот за правда на децата. Имајќи го сето тоа во предвид Република Македонија ќе продолжи и понатаму да им обезбедува на децата заштита и грижа кои се неопходни за нивната благосостојба.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија