Министерот Спасовски се сретна со францускиот амбасадор Тимоние

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние.

МВР соопшти дека Спасовски и Тимоние се согласиле дека соработката меѓу полициите на двете држави е на високо ниво и разговарале за можностите таа соработка уште повеќе да се интензивира, пред се во справувањето со глобалните предизвици како што се борбата со тероризмот и насилниот радикализам и проблемот со мигрантите, затоа што, како што се наведува, само со соработка меѓу државите е можно справување со овие предизвици.

Министерот Спасовски и амбасадорот Тимоние разговарале и за проектите за обука на припадници на македонската полиција што во соработка со француската полиција треба да се реализираат во наредните неколку месеци.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба