Министерот Спасовски се сретна со американскиот амбасадор Бејли

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа протоколарна средба со американскиот амбасадорот во Македонија Џес Бејли и програм-менаџерите и претставници од Амбасадата Дејвид Стефенсон, Џаред Турман, Ричард Хатлер, Џорџ Кларк и Метју Хенд.

Како што соопшти МВР, Спасовски ја презентирал актуелната политичко-безбедносна состојба во земјава и ги истакнал своите заложби како министер за доследно почитување на законитоста и професионалноста во работата на вработените лица во Министерството.

На средбата Спасовски ја претставил и моменталната ситуација од аспект на бегалската криза, потенцирајќи дека Република Македонија презема се што е во нејзина моќ за да ја осигура безбедноста на своите граѓани и да пружи хуман третман на мигрантите кои транзитираат низ Македонија.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа