Министерот Спасовски имаше работна средба со шефот на ОБСЕ/ОДИХР

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Тана Де Зулиета.

На средбата, како што соопшти МВР, стана збор за улогата на Министерството во обезбедувањето фер и кредибилни избори на 11 декември.

– Министерот Спасовски ја истакна решеноста да се обезбедат услови за фер и демократски избори и потенцираше дека нема да дозволи ниту еден полициски службеник да се вклучи во политички кампањи, односно дека нема да дозволи злоупотреба на човечки ресурси или материјално-технички средства за престојната кампања на која било од политичките партии, информира МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари