Министерот Шапуриќ во работна посета во Гевгелија

Од:

Минстерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни компании Зоран Шапуриќ вчера беше во посета на Општина Гевегелија.

Во рамките на посетатата тој имаше средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, со кого разговараше за проектите кои ќе ги реализира општината во наредната година како и за поддршката на Владата за локалната самоуправа во функција на рамномерен регионален развој.

Министерот Шапуриќ ги посети и компаниите во општината Гевгелија, ДИЕМ – ГП и Випро, каде во разговорите со менаџментот беше информиран за работењето на овие две компании, а тој ги запозна со мерките на Владата за подршка на домашните инвестиции. При посетата на овие две компании Шапуриќ беше придружуван од Јане Станкоски, Директор на Инспекторат за земјоделство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија