Министерот Сарачини во работна посета на САД

Од:

Министерот за економија Ваљон Сарачини од денеска до 10 февруари ќе престојува во работна посета на САД, во чии рамки ќе присуствува на традиционалниот Молитвен појадок што го приредува претседателот Барак Обама.

За време на престојот во Вашингтон и во Њујорк, информираат од Министерството за економија, министерот Сарачини ќе оствари средба со претставниците на Стопанска комора на Менхетен, со цел иницирање соработка помеѓу коморите на Република Македонија и САД, што отвора можности за поголема соработка на компаниите од двете земји.

Во текот на посетата, министерот за економија ќе ги претстави можностите за инвестирање во Република Македонија и најактуелните инвестициски проекти пред заинтересираните инвеститори од САД и претставниците на албанската дијаспора од Македонија.

– Престојот во САД министерот Сарачини ќе го искористи и за посета на Fast Pack Trading, најголемиот увозник и дистрибутивен центар на македонски производи во САД, а заедно со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе оставарт средба со Авни Мустафај, претседател на Албанско-американскиот национален совет, соопшти Министерството за економија.

Со цел предлагање и договорање идни проекти, се додава во соопштението, Сарачини ќе има работен состанок со Пејџ Александер, одговорен администратор на УСАИД за Европа и Азија, а ќе ја посети и компанијата Бенџамин М Корп. со седиште во Њујорк.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски