Министерот Попоски на 68. Генерално собрание на ОН

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот на Владата, Никола Груевски, од денеска до 28 септември ќе учествува на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, САД.

Како што соопшти МНР, Попоски за време на престојот во Њујорк, ќе учествува на низа состаноци на министерско ниво, организирани како во рамките така и на маргините на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на ОН. Предвидено е тој да учествува на состаноците на високо ниво за Хендикеп и развој, за нуклеарно разоружување и на специјалниот настан за Милениумските развојни цели во организација на генералниот секретар на ОН.

Дополнително ќе учества на неформалниот министерски состанок на членките на Франкофонијата, неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ, на состанокот на министрите за надворешни работи на Американско-јадранската повелба, Американско-балтичката повелба и Западен Балкан Г6+2, на настанот на високо ниво на тема “Виена+20“ за одбележување на 20-та годишнина од Светската конференција за човекови права, како и на настанот “Договор за трговија со оружје: кон стапување на сила“, а на специјалниот настан за потпишување мултилатерални договори ќе го потпише Договорот за трговија со оружје–АТТ.

За време на престојот во седиштето на ОН, Попоски треба да има бројни билатерални средби со свои колеги.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски