Министерот Нухиу во посета на селото Врбјани

Од:

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска беше во посета на селото Врбјани во општина Ростуше, во рамките на проектот „Како сте?“, кој има за цел да ја приближи полицијата до граѓаните.

На средбите со граѓаните, министерот Нухиу, како што соопшти МВР, им објаснил дека полицијата е сервис на граѓаните и дека тие во секое време можат да се обратат до МВР.

– Дојдов лично за да ве информирам дека полицијата е на располагање во секое време за вашите потреби и вие можете слободно да ни се обратите за работи кои се во наша надлежност. Бидејќи дел од граѓаните се интересираат за изработката на личните документи, сакам да ве информирам дека имаме и мобилни екипи за фотографирање за изработка на документи и тие ви стојат на располагање, рече министерот Нухиу на средбите со жителите на Врбјани.

Граѓаните изразиле благодарност за посетата и истакнале дека имаат добра соработка со полицијата која се надеваат дека ќе продолжи.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он