Министерот Нухиу на Салцбург форумот во Виена

Од:

Македонскиот министер за внатрешни работи Агим Нухиу денеска учествуваше на заедничкиот состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи на земјите од Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург форумот, кој се одржува во Виена, Австрија.

Во своето обраќање министерот Нухиу изразил благодарност до пријателските земји за финансиската и материјалната поддршка, како и за испраќањето на контингенти составени од полициски службеници во Република Македонија, се наведува во соопштението на МВР.

Министерот Нухиу во своето обраќање, како што стои, посочил дека доколку мигрантската криза се повтори, ќе биде потребно повторно ангажирање на целокупните национални капацитети како и при првиот бран, а многу веројатно и ангажирање на дополнителни капацитети за спречување на илегалното преминување на државната граница.

На состанокот во Виена учествува и македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски.

Би можело да ве интересира

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини