Министерот Лутфиу во Кичево на трибина „Можностите за образование на возрасни“

Од:

Во Кичево денеска се одржа трибина на тема „Можностите за образование на возрасни-Доживотно учење во општеството”, на која беше присутен и минитерот за образование и наука Пиштар Лутфиу.

Целта на оваа манифестација која 13-ти пат се организира ова година, е да се промовира значањето на доживотното учење во Република Македонија и да се поттикнат креативни идеи и пристап за образование на возрасни .

„Деновите на доживотно учење“ ова година се одбележуваат во четири општини и тоа во Тетово и во Кичево, а следуват трибинте во Охрид и Струмица .

На денешната трибина министерот Лутфиу нагласи дека целта е запознавање со улогата и придонесот на иституциите надлежни за имплементација на политиките за градње и развој на системот за образование на возрасни во нашата земја. Изрази надеж дека од овие трибини придобивките ќе бидат во сите насоки, но пред се ќе придонесе за да се образуваат возрасните и со тоа полесно да се снајдат на пазарот на трудот.  

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување

Катерина Ѓуровски

Кичевец е осомничен за убиство

Горан Наумовски