Министерот Лутфиу се сретна со Едисон Франгу

Од:

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу се сретна со претседателот на невладината организација IG Alpbach Albania Едисон Франгу.

Како што соопшти Министерството за образование и наука, Франгу го информирал министерот Лутфиу за натамошните проекти на клубот и го поканил да се вклучи во активностите кои ќе бидат организирани во Тирана.

Франгу му се заблагодарил на министерот Лутфиу за придонесот во невладиниот сектор, а особено за придонесот и поддршката во клубот Alpbach во Албанија, истакнувајќи дека таквиот модел треба да се следи од страна на сите клубови на Alpbach мрежата.

На средбата Франгу на Лутфиу му доделил плакета – почесен сертификат за придонес и поддршка на клубот.

Би можело да ве интересира

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Евростат: Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа

А1он

На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови