Министерот Јолевски во посета на Воената академија во Скопје

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе ја посети Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“ во скопската касарна „Гоце Делчев“.

За време на посетата Јолевски ќе се информира за тукушто завршениот конкурс за прием на студенти и питомци на прв циклус на студии. Како што е најавено, ќе се разгледа и можноста за воведување новини во начинот на студирањето, како и за размената на студенти со универзитети од странство.

Министерот Јолевски ќе го посети и Регионалниот центар за односи со јавност – 26 НАТО партнерски центар за тренинг и едукација, единствен од ваков тип во Република Македонија, но и НАТО-мрежата на центри за обука.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он