Министерот Јолевски се сретна со претставниците на „Херои за Македонија“

Од:

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески денеска имаа средба со претставниците на Здружението на фамилии на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија – херои на Македонија.

На средбата Јолевски беше информиран за активностите на Здружението при што беше потврдено дека соработката и поддршката ќе продолжи.

Претседателот на Здружението Владо Стојановски се заблагодари за средбата и истакна дека меѓусебните односи и контакти со Министерството и со Армијата на Република Македонија се одлични и дека треба да се работи во насока односите и меѓусебното почитување да се негуваат во континуитет.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он