Министерот Изаири се сретна со делегација од Саудиска Арабија, Турција и Босна и Херцеговина

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири денеска имаше работна средба со советникот на кралот на Саудиска Арабија за урбанизам, планирање и заштита на животната средина, Абдула Бохари, координаторот на IRCICA за Турција, Џингис Томар, генералниот менаџер на фондацијата Ал-Турат, Саудиска Арабија, Осамах М. Н. Ал-Гохари и професорот на универзитететот за урбанизам и архитектура од Сараево и координатор на IRCICA за Европа, Амир Пашиќ.

На средбата беа разгледани идеите за можна соработка во областа на животната средина меѓу Саудиска Арабија и Република Македонија, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

На средбата биле разменети искуства од досегашните и тековните проекти од областа животна средина, со уверување дека ќе ги интензивираат иницијативите за долга и плодна соработката и остварување квалитетна координација на полето на заштита на животната средина.

Би можело да ве интересира

Левица издејствува повлекување на спорните измени за еколошките жешки точки од законот за животна средина

Хани: Корупцијата најмногу ги погодува безбедносниот и еколошкиот сектор

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Шукова: Еколошка катастрофа и труење на реките, храната под ризик

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ