Ивановски: Бесплатната обука за работа на компјутери продолжува од септември

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски попладнево во рамки на посетата на Кавадарци се сретна со раководството на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во овој град, а го посети и интернет клубот каде заврши проектот за обука на граѓани за основни познавања за работа со компјутер.

Ивановски изрази задоволство од големиот одѕив на граѓаните за да ја следат обуката и најави дека поради големиот интерес со проектот ќе се продолжи наесен.

Тој посочи дека откако го увиделе индексот на т.н. ИКТ писменост на граѓаните во земјава кој што го објавуваат Обединетите нации, Светска банка и Европската Унија утврдиле дека може да биде многу подобро и затоа почнал проектот за обука на граѓаните во сите 22 интернет клубови во Македонија.

„Ангажиравме експерти, наставници кои можат да предаваат на два модули, канцелариско работење и пребарување и комуникација преку интернет. Од над 900 пријавени, половина од нив активно ја следеа обуката. Секој слушател на обуката доби формулар за да даде оценка за предавачите, просториите и квалитетот на обуката. Добивме просечна оценка 4,8, рече Ивановски и додаде дека целта на проектот е постигната и тоа дозволува наесен да се спроведе уште една обука“, рече Ивановски.

Ивановски апелираше до граѓаните уште отсега да се пријавуваат на бесплатниот телефонски број 15111 во Министерството за да следат обука од септември.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ