Министерот Ивановски ја отвори првата електронска продавница

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска во прилепската конфекција за детска облека „Хатра“ ја отвори првата електронска продавница.

Тила.мк е првата електронска продавница од проектот 50, догодина 100 електронски продавници субвенционирани од Владата. Имавме отворено аплицирање до бизнис заедницата за сите кои немаат своја веб страница и кои не се во можност, Владата да субвенционира. Тила, програмата за детска облека на прилепската конфекција е првата која има можност да истакне 50 свои производи со целосен систем на испорака и плаќање. Со ова Македонија влегува во глобалниот електронски маркет кој во 2013 година ќе тежи 1.000 милијарди долари, изјави Ивановски при отворањето на електронската продавница.

Инаку, во Македонија досега има 250 електронски продавници, но оваа е прва што ја субвенционира Владата. Според Ивановски македонските производи веќе лесно ќе се пласираат секаде. За најдобрите пет бизниси на кои им се субвенционира електронската продавница, во 2013 година бесплатно таа ќе им се хостира.

Според сопственикот на прилепската конфекција Благоја Конески големо е задоволството што со нивната детска програма се први со електронската продавница.

Продажбата на овој начин првенствено ќе стигне до купувачите до кои досега не сме стигнале со отворање продажно место, вели Конески, нагласувајќи дека производството годинава го зголемиле 100 отсто. Фирмата во наредните 24 часа, посочи, им дава попуст од 10 отсто на електронските купувачи.

За градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески ова е многу битно зашто е голема реклама на прилепските и македонските производи.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези