Министерот Ивановски го врачи Сертификатот за функционалност на Царинската управа

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски денеска на директорот на Царинската управа Ванчо Каргов, официјално му го врачи Сертификатот за функционалност на царинскиот информациски систем МАКЦИС, наменет за обработка на царински декларации.

МИОА го издава овој сертификат за информациските системи кои ги користат органите при комуникација и размена на податоци и документи по електронски пат, а Царинската управа е првата државна институција во Македонија која добива ваков сертификат.

– Ова е прв сертификат кој се доделува на една институција, врз основа на Законот за електронско управување, а сертификатот е уште едно признание дека Царинската управа има направено многу во однос на развојот и воведувањето на информатичко – комуникациски технологии. Со воведување на стандарди во оваа област, кои треба да бидат едноставни за практикување, институциите ќе бидат подготвени да разменуваат информации меѓу себе, да го надградат системот за интероперабилност, а со тоа и граѓаните ќе добиваат информации на еден шалтер, изјави министерот Ивановски.

Директорот на Царинската управа, Каргов истакна дека со сертификатот е потврдена примената на најдобрите ИТ практики и највисоките механизми и стандарди за информациска безбедност во Царинската управа.

Воедно се потврдува усогласувањето на Царинската управа со одредбите на Законот за електронско управување и остварувањето на заложбите на Владата на Република Македонија за електронска комуникација и размена на податоци помеѓу органите на државната управа.

Би можело да ве интересира

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Уапсен помошник директор во Царина – бараше мито од над 15.000 евра

А1он