Министерот Филипче во работна посета на болниците во Кичево и Струга

Од:

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска беше во работна посета на општина Струга, каде оствари средби со градоначалникот Рамиз Мерко и со раководството на Општата болница.

Целта на посетата, како што рече, е лично да се запознае со условите за работа во Општата болница во градот, проблемите со кои се соочуваат вработените, можностите за подобрување на медицинските услуги за пациентите и квалитетот на здравственита заштита, потенцијална реорганизација на болницата, во насока на нејзина регионализација, како и потребите од нови кадри и нивна доедукација.

– Разговаравме и за можноста за развивање нов проект за приватно јавно партнерство во здравствениот систем. Интенција на Министерството за здравство е воспоставување нов систем на соработка во системот преку приватно и јавно партнерство, односно се она со што располагаме да биде дадено на приватни партнери и за сметка на тоа да добиеме квалитетна здравствена институција, посочи Филипче.

Во врска со најавите за реконструкција на објектот на Општата болница во Струга, министерот за здравство појасни дека за тоа прашање било разговарано со надлежните локални власти и градоначалникот Мерко, притоа посочувајќи го како најдобро решение изградба на нов објект на сосема нова локација што би била договорена со локалната самоуправа.

Директорот на Општата болница – Струга, Асим Муса, од своја страна ја нагласи реалната потреба на граѓаните на општината за подобрени услови за примарна и секундарна здравствена заштита, имајќи ги во предвид бројноста на населението што ги покрива установата и дополнително услугите што ги дава на пациенти од соседните општини и од пограничните места во Република Албанија.

– Установата поседува добри кадри, професионалци, но постои тој проблем со условите за работа во постоечкиот објект. Даваме медицински услуги во несоодветни услови, така што оваа средба ја инициравме токму за да ги предочиме потребите од преземање мерки како за одржување на функционалноста на постоечките одделенија, така и за нивно унапредување, рече Муса.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска ја посети и Општата болница во Кичево, каде се сретна со директорот на таа јавна здравствена установа Билјана Настеска и со директорот на Здравствениот дом, Осман Сејдини, при што го посети и новиот објект на ОБ Кичево, што е во изградба, како и постојните објекти каде работат лекарите во Кичево.

Би можело да ве интересира

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка во Струга

Почина четиримесечно бебе, во болницата во Струга го донеле без знаци на живот

Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорен мост“ по 18 пат во Струга