Министерот Филипче во посета на кумановската болница

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска ја посети кумановската болница и оствари средба со менаџерскиот тим на болницата. На средбата се разговараше за проблемите со кои се соочува болницата, за можностите за нивно надминување, се со цел, подобрување на условите и за пациентите и вработените во општата болница.

Директорката на болницата, Снежана Захариева информираше дека со министерот посетиле неколку одделенија во установата.

– Разговаравме за можноста да се преселат дел од амбулантите во новиот ургентен центар. Беше најавено дека Министерството ќе набави нов мамограф за болницата и дека ќе се заложи за нејзина гасификација, изјави Захариева.

На средбата соговорниците се договориле дека во иднина ќе се посвети внимание за набавка на нова апаратура на неколку одделенија. Кумановската болница го покрива североисточниот регион со шест општини со приближно 200.000 пациенти. Во оваа болница, поради недостиг на хоспитален дел и оперативни програми во останатите градови се лекуваат пацинетите од Куманово, Картово, Крива Паланка, Ранковце, Липково и Старо Нагоричане.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска