Министерот Филипче се упатил на местото на сообраќајката кај Карпалак

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва, по тешката сообраќајката кај Карпалак, на својот фејсбук профил соопшти дека веднаш се упатил на местото на несреќата.

-По тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на автопатот Тетово-Скопје, веднаш се упатив на лице место. Упатени се сите коли на брза помош од Здравствен Дом Скопје и од приватните болници Неуромедика и Систина. Медицинските екипи се на располагање и ќе се искористат сите капацитети на здравстените установи за брза реакција, напиша Филипче.

Како што соопшти неговиот Кабинет, во 19.30 часот министерот ќе даде и изјава за медиумите пред ГОБ „8-ми сетпември“.

Околу 17 часот попладнево се преврте автобус на патот Скопје – Тетово кај селото Ласкарци во близина на Карпалак. Во него се наоѓале вработени во адмнинистрација и други институции низ Скопје, а си оделе кон дома, кон Гостивар. Засега не се знае точниот број на повредени.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он