Министерот Филипче се сретна со полскиот амбасадор Мултановски

Од:

Унапредување на меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Полска во областа на здравствениот систем, била тема на средбата на министерот за здравство Венко Филипче со полскиот амбасадор Јацек Мултановски.

Министерството за здравство на својата веб страница објави дека полскиот амбасадор Мултановски се интересирал за состојбите во македонското здравство, како и за можностите за подобрување и за унапредување на јавниот здравствен систем.

На средбата се разговарало и за развивање медицинскиот туризам во Република Македонија, како и за доаѓање полски државјани во земјава за медицински цели.

Министерот Филипче ја истакнал важноста на размената на знаења, експерти и зајакнување на капацитетите во здравствениот систем за што билатералните соработки со Република Полска се од големо значење.

Во следниот период, како што посочуваат од Министерството, се очекува зајакнување на капацитетите со помош на фондови од Европската унија, наменети за здравствениот сектор.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем