Министерот Филипче и градоначалникот Костадинов од Валандово: Како никогаш досега вложивме во платите на здравствените работници

Од:

Министерот за здравство Филипче и градоначалникот на општина Валандово Костадинов, денеска беа во посета на Здравствениот дом во Валандово, каде остварија средба со директорот Роберт Марков и вработените во установата.

„Како никогаш досега вложуваме во здравствените работници. Дадовме повеќе од 5000 согласности, ги зголемивме платите.

Четириесет отсто на лекарите специјалисти, од 20 до 23 отсто на медицинските сестри, 25 отсто на општите лекари и 15 отсто на здравствените соработници, кои во месец јуни ќе добијат уште едно дополнително покачување на платите од 5 отсто.

Инвестираме во младите и ги задржуваме со работа во јавното здравство. Во установата реализирани се 11 вработувања и одобрени се три специјализации“, истакна министерот Филипче.

Вработените во оваа јавно-здравствена установа се заблагодарија за грижата од страна на државата и потенцираа дека за првпат институциите имаат слух за нивните потреби и барања.

Во месец јануари, во Здравствениот дом во Валандово, почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС).

Минатата година се пушти во употреба новата котелска постројка за парно греење на пелети во вредност од 1.500.000,00 денари, финансирана со средства од програмата (ИПА ШИЛД 2) за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска