Министерот Филипче: Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Од:

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче и директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре, 22 ноември.

За оваа сезона се набавени вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Центрите за јавно здравје набавија 21.000 комерцијална вакцина, кои веќе се достапни за граѓаните од понеделникот.

Ја подобруваме достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип и од оваа година, покрај 10-те Центри за јавно здравје, во вакцинацијата ги вклучивме и трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак, бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.

Станува збор за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27 илјади вакцини се од „Mylon Abot“, а илјада вакцини од „Sanofi“.

Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари, а вакцинацијата во овој период, ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска