Министерот Фазлиу во Петрич на Европскиот ден на соработка

Од:

На покана на бугарскиот министер за регионален развој и јавни работи Николај Нанков, денеска министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу ќе присуствува на одбележувањето на Европскиот ден на соработка во Петрич, Бугарија.

Настанот, како што соопшти Министерството за локална самоуправа, е организиран во рамки на Програмата за регионална соработка на Европската унија, ИНТЕРРЕГ – прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

На манифестацијата ќе присуствуваат и градоначалниците на Петрич и на Струмица, општини кои што во рамки на Програмата за прекугранична соработка имаат реализирано повеќе заеднички проекти, финансирани од ИПА инструментот на Европската унија.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска