Министерот Фазлиу учествува на Првиот балкански форум во Солун

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу учествува на Првиот балкански форум на тема „Транс-балкански инфраструктури и мрежи на развој, во насока на унапредување на претприемништвото и иновациите”, што денеска и утре се одржува во Солун, Грција.

Форумот се одржува во организација на Министерството за внатрешни работи на Грција (сектор Македонија и Тракија), во насока на развивање на заедничка стратегија за развој, како и промовирање на инвестициските иницијативи на Балканот. Главната цел на Форумот, како што соопштуваат од Министреството за локална самоуправа, е промоција на транс-балканската соработка во областите на инфраструктурата, претприемништвото и иновациите, врз основа на Стратегијата Европа 2020 и Европската стратегија за Западен Балкан, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Министерот Фазлиу истакнал дека како претставник на актуелната генерација на политичари од двете земји и учесник во промените, може да сведочи дека вратите за соработка меѓу Северна Македонија и Грција се отворени.

-Она за што дојдов денеска е да ја пренесам пораката за соработка, соработка меѓу регионите, меѓу градовите, соработка меѓу бизнис секторот, универзитетите, болниците, државните институции, здруженијата. Соработката беше потврдена на бизнис форумот во Скопје со 500 учесници од двете земји и уште еднаш на овој голем форум денеска, на кој што присуствуваат претставници од целиот регион. Соработката во секоја област започнува со подготвеност да се споделат знаења и искуство, да се препознаат разликите како заедничка предност, со позитивен став и подготвеност за взаемно помагање и поддршка, рече министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу.

Министерот Фазлиу се осврнал и на територијалната соработка поддржана од Европската Унија и конкретно на прекуграничната соработка меѓу Грција и Северна Македонија која, како што рече, дава одлични резултати во повеќе сектори, со вклучување на граѓани и субјекти од двете земји.

На настанот учествуваат претставници од министерства, комори, истражувачкиот сектор, универзитети, инвестициски групации од шест земји: Грција, Бугарија, Србија, Северна Македонија, Романија и Албанија.

На Форумот, што го отвори заменик министерката за внатрешни работи (сектор Македонија и Тракија) Елефтерија Хаџигеоргиу, учествуваат и претставници на Светска банка, на Европската инвестициона банка, на Црноморската банка за трговија и развој, како и на Европската банка за обнова и развој.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра

Ана Ололовска