Министерот Фазлиу на информативен ден во Струмица

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска го отвори Информативниот ден за сите потенцијални апликанти на вториот јавен повик за проекти за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

– Оваа Програма е најуспешна во однос на одобрени проекти и искористени средства со над 90 насто. Очекувам во вториот програмски период до 2020 година резултатите да бидат уште подобри, со апсорпција на над 90 насто, рече министерот Фазлиу.

Министерот го поздрави големиот интерес на настанот, организиран во функција на поттикнување и охрабрување на сите заинтересирани субјекти да аплицираат со свои проекти кои што ќе бидат финансирани од ИПА инструментот на Европската Унија за прекугранична соработка. Повикот е објавен на 9-ти февруари и ќе биде објавен до 11 мај.

-Очекувам дека оваа можност ќе ја искористат многу од потенцијалните апликанти. Во изминатиот период се изградени и капацитети и искуство. Се надевам дека акумулираното знаење ќе резултира со повеќе, но и поквалитетни, поконкурентни проекти, рече министерот Фазлиу.

На сите потенцијални апликанти, во рамките на овој повик, на располагање им стојат 6 917 631 евра, средства од Европската Унија. Овие средства се наменети за проекти од двете страни на границата. Владата, преку Буџетот на Министерството за локална самоуправа ги обезбедува средствата за кофинансирање на домашните корисници, во висина од 15 насто за признаените трошоци на секој одобрен проект.

Општата цел на Програмата е зајакнување на прекуграничната соработка меѓу луѓето и институциите во регионот. Во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Бугарија, од македонска страна проектите се имплементираат во Североисточниот, Источниот и Југоисточниот плански регион, или во 27 општини во овие три плански региони.

На овој повик можат да аплицираат општини, невладини организации, организации за поддршка на бизнисот, образовни, научни и културни и други непрофитни организации и институции. Проектите треба да се однесуваат на: заштита на животната средина, туризам и конкурентност или подобрување на конкурентноста на регионалните бизниси.

Би можело да ве интересира

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези

Владата бара разрешување на државниот обвинител Коцевски

Горан Наумовски

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски започна реконструкцијата на Владата, вчера зборуваше повторно за избори

Горан Наумовски

Бекам Сали и Мухамед Хоџа нови министри, Муртезани ја напушта владата

Горан Наумовски