Министерот Џафери се сретна со словенечкиот колега Јакич

Од:

Развојот на билатералната и регионалната соработка, како и можностите за користење на армискиот полигон „Криволак“ и регионалните центри во Република Македонија, како Регионалниот центар за односи со јавноста, беа темите на кои разговараа министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери и неговиот словенечки колега, Роман Јакич.

На средбата, министерот Џафери укажа на отвореноста на Република Македонија за зацврстување на соработката преку образованието, при што стана збор и за можноста питомци од Словенија да се школуваат на Воената академија во Скопје, а воедно понуден беше и Центарот за обука на пилоти, кој се развива во рамките на Министерството за одбрана.

– Одличните билатерални односи помеѓу двете земји се потврдени и преку досегашната соработка на полето на одбраната и безбедноста, но и преку принципиелниот став и цврстата поддршка која Република Словенија и ја дава на Република Македонија во напорите за интеграција во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ, заклучија министрите Џафери и Јакич на средбата во Словенија.

Соработката на двете министерства е регулирана во 1994 година со потпишувањето на Рамковниот договор за соработка, со што опфатени се повеќе подобласти како военото образование, заштитата на околината, помошта при природни катастрофи, воено-техничката и воено-научната област. Од 2007 година, на АП „Криволак“ во континуитет се реализираат значајни заеднички вежбовни активности, како гаѓањата на цели во воздушен простор со ракетниот систем „Игла“.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on