Министерот Џафери на работилница за глобална безбедност во Париз

Од:

Министерот за одбрана Талат Џафери од денеска до 26 јуни  ќе учествува на 30. меѓународна работилница за глобална безбедност во Париз, организирана од Истражувачкиот центар за стратешки одлуки.

Работилницата е насловена „Мир и безбедност – предизвици кои претстојат“ и ќе бидат вклучени темите за актуелните воени операции во Мали, настаните во Сирија, решавањето на економската криза, Арапската пролет и повлекувањето од Авганистан. Меѓу клучните теми се очекува да биде и сајбер безбедноста.

Ќе учествуваат претставници од над 30 земји – министри за одбрана, началници на генералштабови и други официјални претставници на политички и воени организации како НАТО, ЕУ, ОН, претставници од одбраната, информатичката технологија, сајбер-безбедноста и од други индустрии.

Работилницата годинава е под покровителство на франускиот министер за одбрана Жан Ив Ле Дриан, во соработка со Институтот за високи студии за национална одбрана.

– Од своето основање оваа работилница еволуирала од мала академска конференција во меѓународен форум. Лидери на влади, академици, водачи на светската индустрија разменуваат идеи за новите политичко-воени политики, информира Министерството за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ