Министерот Џафери ги пречека македонските мировници од 14. ротација во мисијата ИСАФ

Од:

Чест ми е што го пречекувам контингентот од Армијата на Република Македонија кој во целост се врати жив и здрав, по една успешно завршена мисија, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери при пречекот на 14. ротација на припадници на АРМ, кои денеска пристигнаа на аеродромот „Александар Велики“ во Петровец.

Министерот Џафери нагласувајќи оти и лично, при посетата на Авганистан, се уверил во успешноста на спроведувањето на задачите во рамки на мисијата, порача дека за тоа имаме и потврда од сите претставници на командата на ИСАФ.

Тој укажа на фактот дека токму работата и ангажманот на овој контингент ќе биде мотив плус за тукушто започнатата мисија на неодамна испратениот контингент, и тие по шест месеци да се вратат во Република Македонија, со успешно завршена мисија.

Според командантот на контингентот, потполковникот Стојанчо Тодоров, мисијата е успешно завршена, а војниците на АРМ, нагласи, дале сè од себе да покажат дека сме рамноправни со сите земји членки на НАТО.

Во однос на импресиите од времето поминато во мисија, потполковникот Тодоров рече дека иако ризикот е значителен, а одговорноста за обезбедување на главната база, огромна, сите припадници на контингентот достојно ја претставија АРМ и Република Македонија.

На новинарско прашање за идниот ангажман на АРМ во мировни мисии, министерот Џафери посочи дека Република Македонија останува подготвена да го продолжи своето учество во меѓународните мисии за поддршка на мирот, вклучувајќи ја и новата пост-ИСАФ мисија на НАТО во Авганистан по 2014 година, толку колку што е потребно и согласно нашите капацитети.

Во 15. ротација која од неодамна е дел од силите ИСАФ во Авганистан, АРМ учествува со 156 припадници, односно со механизирана пешадиска чета. „Леопардите” од 1.мпбр во наредните шест месеци ќе бидат задолжени за обезбедување на главната команда на силите на ИСАФ во Кабул.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата