А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Димитров на состанок на Северноатлантскиот совет

by А1он01/04/2020 - 15:17299
Share0

Министерот за надворешни работи Никола Димитров утре на покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет (НАК) во формат на шефови на дипломатии, што ќе биде прво учество на Република Северна Македонија на едно заседание на Алијансата како полноправна земја членка на Северноатлантскиот пакт.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопшти Министерството за надворени работи, заради рестриктивните мерки воведени по пандемијата на коронавирусот, состанокот ќе се одржи преку електронски систем на видео конференција.

– По официјалното зачленување на Република Северна Македонија во НАТО на 27 март 2020 година и по церемониите на подигање на македонското знаме во седиштето и воените команди на НАТО, претстојниот состанок е прв работен настан на министерот Димитров каде активно ќе учествува во дискусијата по приоритетните прашања и активности на Алијансата, се наведува во соопштението.

Главна тема на агендата на утрешниот состанок ќе биде дискусијата за пандемијата на вирусот Ковид-19, во рамки на која се очекува министрите за надворешни работи да ги разгледаат можностите за преземање заеднички конкретни мерки и активности во справувањето со овој глобален предизвик.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Од другите теми ќе бидат опфатени прашањата во врска со состојбите и ангажманите на Алијансата во Авганистан, пошироката област на Блискиот Исток и Северна Африка, а ќе бидат разгледани и можностите за конкретен придонес за подобрување на состојбите во Сирија. Предвидено е министрите за надворешни работи да одобрат и неколку усогласени документи во врска со темите што се предмет на дискусија во рамки на НАТО, се додава во соопштението.

jens stoltenbergNikola Dimitrov

Би можело да ве интересира

Јенс Столтенберг: Никој не може да гарантира дека САД ќе останат во НАТО

А1он17/01/2026 - 11:3717/01/2026 - 11:19

Столтенберг за Путин: Тој е вреден, рационален и фокусиран лидер

А1он11/10/2025 - 19:5411/10/2025 - 21:24

Бајден го нарече Зеленски „гњаватор“ – открива Столтенберг во мемоарите

А1он11/10/2025 - 15:19

Столтенберг: Украина можеби ќе мора да отстапи територија за мир

Горан Наумовски03/10/2025 - 13:55

Никола Димитров нападнат додека пазарел, вели „болно ни е општеството“

А1он02/11/2024 - 17:5902/11/2024 - 18:34

Муцунски му се заблагодари на Столтенберг за придонесот во евроатлантската безбедност

Катерина Ѓуровски19/09/2024 - 14:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео