Министерот Чулев во Љубљана на средба со словенечкиот министер Поклукар

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска во Љубљана имаше средба со својот домаќин, министерот за внатрешни работи на Република Словенија Боштјан Поклукар.

Како што соопшти МВР, на средбата покрај заедничката констатација за досега извонредните билатерални односи меѓу двете земји, но и меѓу двете институции, министерот Поклукар ја потврди силната партнерска поддршка од страна на Република Словенија за нашиот евроинтегративен пат.

– Во таа насока беше потенцирана и отвореноста на словенечкото министерство за внатрешни работи за натамошна и интензивна соработка со нашето МВР, особено во поглед на остварување на приоритетите во Поглавјето 24, од сферата на правда, безбедност и слобода, како едно од клучните во таа евроинтегративна агенда, се вели во соопштението од МВР.

На средбата, како што се наведува, двајцата министри разговараа и за заедничката соработка во борбата против организираниот криминал, корупцијата и тероризмот, пред се во во делот на финансиските истраги за што заеднички беше констатирано дека тоа партнерство не само што треба да продолжи туку и да се продлабочи.

Министерот Чулев изразил благодарност кон МВР на Словенија и на Владата на Словенија и за поддршката во справувањето со миграциската криза. Чулев ја потенцирал високата професионалност на словенечките полициски службеници кои учествуваат во заедничките операции на нашата јужна граница.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка