Министерот Бесими во Приштина на конференција за менаџирање кризи

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во Приштина, Република Косово, ќе учествува на конференцијата „Градење регионални капацитети за менаџирање кризи“.

На конференцијата на која ќе присуствуваат и министрите за одбрана и за внатрешни работи на Република Албанија, како и министерот за косовските безбедносни сили, ќе стане збор за „Урбаното барање и спасување“, како и за многу значајната регионална соработка во полето на менаџирањето со кризи и вонредни ситуации.

Министерот Бесими ќе ги пренесе континуираните напори на Република Македонија за поблиска регионална соработка на ова поле, соработка која вклучува меѓусебна комуникациска помош и поддршка, координација и соработка во поглед на анализата и размената на податоци, планирањето на потребниот персонал, како и планирањето и имплементацијата на заедничките проекти и вежби.

Конференцијата „Градење регионални капацитети за менаџирање кризи“ е дводневна, а се одржува во рамки на воспоставената трилатерална соработка во областа на управувањето со кризни и итни состојби меѓу Македонија, Албанија и Косово.

Оваа конференција ги обедини сите клучни фактори од областа на кризниот менаџмент од трите земји, односно директорите на сродните институции во регионот, како и претставниците од амбасадите на Соединетите Американски Држави, регионалните канцеларии на УСАИД, Европската команда на САД, кои дадоа поддршка на регионалниот пристап во намалување на ризиците и опасностите од катастрофи.

Се очекува на конференцијата да се потпише заедничка изјава од страна на сите вклучени страни.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

(ВИДЕО) Зеленски: Наскоро ќе извезуваме оружје, така ќе ја плаќаме одбраната