Министерот Бесими во Пентагон

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими од денеска до сабота е во работна посета на САД, каде ќе се сретне со претседателот и извршен шеф на Атлантскиот совет на САД, Фред Кемпе, на тема промоција на евроатланските интеграции на земјата и зајакнување на одбранбената дипломатија.

Бесими ќе оствари средби со Мето Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора и со Авни Мустафај, претседател на  националниот албанско-американски совет.

Утре, министерот ќе се сретне со професорот Даниел Сервер од Универзитет „Џон Хопкинс“, каде ќе одржи и предавање.

Во Вашингтон во агендата на министерот за одбрана се средбите во Пентагон со потсекретарот за одбранбена политика Џемјс Милер, во Советот за национална безбедност на Белата куќа на САД ќе се сретне со Џулиен Смит, заменик советник за национална безбедност на потпретседателот на САД, Џо Бајден. Планирана е средба и со заменик началникот на бирото на Националната гарда на САД, генерал потполковник Џозеф Ленџиел во врска со интензивирање на соработката со Армијата на Република Македонија.

На последниот ден од посетата на САД, министерот Бесими ќе оствари неформална работна средба со амбасадорот Филип Рикер, заменикпомошник државен секретар за европски и евроазиски работи.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата