Министерот Бесими се сретна со шпанскиот колега, Педро Моренес Еулате

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими во рамки официјална посета на Кралството Шпанија денеска во Мадрид се сретна со неговиот шпански колега Педро Моренес Еулате и началникот на Генералштабот на Армијата на Шпанија, адмирал Фернандо Гарсија Санчез.

На разговорите, информира Министерството за одбрана, стана збор за унапредување на билатералната соработка во полето на одбраната и безбедноста. Воедно беше укажано дека Кралството Шпанија го поддржува процесот на целосна интеграција на Република Македонија во НАТО сметајќи ја како значаен фактор во зацврстување на регионалната стабилноста и безбедност.

На средбите стана збор и за регионалната безбедност и стабилност, за придонесот кон глобалните мировни мисии и искуствата и научените лекции од нив, како и за евроатлантските интегративни процеси на регионот, особено на Република Македонија.

– Министерот Бесими го информираше шпанскиот министер за реформските процеси во рамките на Министерството и на Армијата на Република Македонија, како и за центрите во Република Македонија кои имаат пошироко значење. Воедно беше искажана можност шпанските војници да го користат за свои вежбовни активности армискиот полигон „Криволак“, соопшти МО.

Потпишаните три договори за билатерална соработка, се додава во соопштението, овозможуваат интензивирање на меѓусебните контакти преку упатување на припадници на АРМ на јазични курсеви во Шпанија, како и соработка со Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“.

Министерот Бесими ја посети и базата на шпанските копнени сили „Гуадарама“ близу Мадрид, каде ќе се сретне со командантот на пешадиската бригада „Гуадарама XII“, бригадниот генерал Фернандо Јосе Лопез.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори