Министерот Бесими и началникот на ГШ на АРМ Котески во посета на тетовската касарна

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими заедно со началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески денеска ја посети касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово.

Во текот на посетата Бесими ги информира старешините и војниците на тетовскиот гарнизон за продолжувањето на проектот „Стандард“, со кој се прават максимални напори за подобрување на условите за живот и работа во касарните.

Министерот за одбрана присуствуваше и на реферирање од страна на Генералштабот и Здружената оперативна команда на АРМ за процесот на трансформација и преструктуирање на Армијата.

При посетата на касарната министерот Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Котески, подетално се запознаа со процесот на трансформација, чии суштински придобивки се поедноставната структура, соодветното групирање на силите, подобрена интеграција на воздухопловните капацитети, постигнување на подобра пополнетост на единиците со персонал и опрема како и воведување на нова категорија на активна резерва.

Говорејќи пред построените единици министерот Бесими најави дека буџетот на армијата за следната 2013 години ќе биде приближен на годинашниот што е недоволно, подвлече, за остварување на сите плански цели особено за модернизација и опремување на единиците.

– Оваа година успеавме да ја одржиме пополната со квалитетен воен персонал на добро ниво (сега 85.5%), да ја оствариме планираната обука и да дадеме значаен придонес во меѓународните мировни операции. За жал ни останаа многу малку средства за модернизација и опремување на единиците на Армијата. Сепак ми е задоволство што веќе дел од униформите е стигната и во тек е постапката и за останатиот дел од армијата, односно да го заокружиме тоа што го ветивме дека сите војници ќе добијат нова униформа. До крајот на оваа година ќе се набават и чизми за војниците, во исто време е работено и во реновирање на дел од касарните за подобрување на условите за работа, рече Бесими.

Во контекст на приоритетите за следната година, тој истакна дека фокусот ќе биде ставен на одржување на борбената готовност на Армијата, одржување на пополната на командите и единиците на АРМ со квалитетен воен персонал на ниво околу 85-90 проценти, афирмација на соодветната и правична застапеност во АРМ и МО, спроведувањето на планираната обука, како и продолжување на несомнениот придонес во меѓународни мировни операции предводени од НАТО, ЕУ и ООН.

По завршувањето на официјалниот дел од посетата министерот Бесими и началникот на Генералштабот, генерал мајорот Котевски остварија и средба со дел од војниците и старешините на тетовскиот гарнизон за директно да се информираат за нивните потреби и можноста за решавање на проблемите што се појавуваат во секојдневниот војнички живот и работа.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори