Министерот Алиу одговори на обвинувањата на ДУИ: Клиничката болница во Тетово ја оставивте за жалење

Од:

Ја оставивте болницата за жалење, со објекти од времето на комунизмот и статички небезбедни. Се грижите кога сте во опозиција, а што направивте додека бевте на власт? – одговори министерот за здравство Азир Алиу на обвинувањата од пратеничката Рина Ајдари од Европски фронт дека откако е на таа функција не презентирал ниту една инвестиција за Клиничката болница во Тетово и не соопштил планови за подобрување на здравствените услуги и за вработување на договорците.

Алиу на седницата за пратенички прашања рече дека на функцијата е 52 дена односно 38 работни дена, но дека трипати ја посетил болницата откако е министер.

На констатацијата на ДУИ дека по нивно реагирање се решава проблемот на 155 вработени со договор на дело, Алиу кажа дека кога се на власт не ги решаваат проблемите туку кога се во опозиција и затоа е, рече, добро ДУИ да биде во опозиција.

-Ги чувавте 22 години така, без работа, една година работа, две години без работа, зависи од вашата потреба за локални, парламентарни или претседателски избори. Ќе замолам граѓаните да ве остават 20 години во опозиција за да ги решиме проблемите бидејќи многу добро сте ги решавале од опозиција. За 22 години болниците ги оставвивте без медицински сестри и без лекари, биле невработени зашто не биле дел од ДУИ. Ве уверувам дека и овие 155 и многу повеќе од толку ќе се вработат бидејќи ние имаме потреба во здравството кое сте го оставиле за жалење, истакна Алиу.

Посочи дека во Клиничката болница Тетово ќе бидат изградени два нови објекта и ќе се реконструираат објектите кои се, рече, „недопрени со години“.

Како што рече, за кратко време ќе имаат план за инфраструктурата и за вработувањата, со што ќе се подигне квалитетот на здравствените услуги не само за граѓаните на Тетово туку и за голем дел од Полошкиот Регион.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

(ВИДЕО) Алиу: Синдикатите се наш искрен партнер за подобар здравствен систем

А1он

Од 111 прегледани граѓани во Трубарево, 11 ќе одат на дополнително испитување на Пулмологија

А1он

Обвинителството нареди обдукција на починатото девојче, во тетовската болница имало инцидент и оштетен инвентар

Катерина Ѓуровски

Седумгодишно девојче почина во тетовската болница, семејството не се согласува на обдукција

Пријавени осум случаи за спорни операции на срце, Комисијата почнува да испитува

Катерина Ѓуровски