Министерот Адеми во посета на Италија и Ватикан

Од:

Министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми од утре до 9-ти овој месец ќе биде во работна посета на Република Италија и Светата Столица.

Адеми, како што соопшти неговиот кабинет, утре ќе учествува на церемонијата на одбележување на 10-годишнината од катастрофалниот земјотрес во градот Акиле во Италија, каде животот го загубија 309 луѓе, меѓу кои и пет државјани на Република Северна Македонија. Во Акиле министерот Адеми ќе има средба со претседателот на Регионот Абруцо и градоначалникот на општина Поџио Пиценче.

Во Акиле министерот ќе реализира средби со претставници на нашата дијаспора која живее во тој регион, а на 7-ми април предвидени се средби со нашата дијсапора која живее во Рим и околините места.

Според агендата, на 8-ми април министерот Адеми ќе оствари работна посета на Ватикан, при што ќе има средба со секретарот за односи со државите во Ватикан, монс. Паул Ричард Галлагхер.

Работната посета во Италија, министерот Адеми ќе ја заврши на 9 април, за кога се предвидени низа билатерални средби во италијанскиот Парламент и во Министерството за надворешни работи на Италија.

Во италијанскиот Парламент ќе оствари средба со претседателката на Комисијата за надворешни работи, Марта Гранде, додека во италијанското МНР средби со заменик-минситерката Емануела Дел Ре, државниот потсекретар Рикардо Антонио Мерло и директорот на Генералниот директорат за италијански граѓани во странство и политиките за миграција, Луиџи Мариа Вигнали.

Фокусот на средбите со соговорниците, ќе биде ставен на можностите за унапрдување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, унапредувањето на положбата на нашата дијаспора и нивна инклузивност во економскиот, политичкиот, социјалниот и културниот живот во Италија како и за актуелните политички цели и приоритети на Влада на Република Северна Македонија со посебен акцент на ЕУ и НАТО интеграција на нашата држава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан