Министерот Адеми во посета на Босна и Херцеговина

Од:

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми, на покана на Европското Движење на Босна и Херцеговина, на 18 декември 2017 ќе престојува во Сарајево, каде што ќе учествува на регионалниот форум на тема “Време е за Европа“ во организација на Европското движење на БиХ.

На форумот министерот Адеми ќе има свое обраќање на тема “Европската агенда, регионалното партнерство и улогата на дијаспората во економскиот развој.“

Во текот на претстојот во Сарајево, Министерот Едмонд Адеми ќе има и официјални средби со Семиха Боровац, Министерката за човекови права и бегалци во Владата на БиХ, со Високиот претставник на Босна и Херцеговина Валентин Ицко, и со Бранко Ружиќ, Министер за државна управа и локална самоуправа во Владата на Република Србија.

На регионалниот форум, од страна на Европското движење на БиХ на министерот Адеми ќе му биде доделено признание за “Исклучителен допринос во регионалната соработка и разбирање помеѓу културите“.

Би можело да ве интересира

Уапсени две воспитувачки во градинка во БиХ – обвинети за психичко насилство врз дете

А1он

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Силен земјотрес ја погоди БиХ, потресите се почувствуваа во близина на Ливно

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Му го исече вратот на сопругот, па сама се пријави во полиција – мажот преживеа

А1он

Пијан и дрогиран уби 19-годишна девојка, доби само три години затвор

А1он