Министерот Адеми во официјална посета на Хрватска

Од:

Министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, денеска и утре ќе претстојува во официјална посета на Република Хрватска.

Адеми, како што информираат од неговиот кабинет, за време на посетата ќе оствари средби со државениот секретар задолжен за Хрватите надвор од Република Хрватска Звонко Милас, со пратеничката Ермина Лекај Прљаскај, со претседателот на Советот на албанското национално малцинство на Град Загреб Шуип Зибери, почесниот конзул на РМ во Задар, и претседателот на УО на ИВЗ во Хрватска, Гзим Реџепи.

Министерот Адеми ќе го посети и градот Бјеловар, каде што ќе се сретне со градоначалникот Дарио Хербак, и ќе се обрати на членовите на Занаетчиската комора на Бјеловарско-билогорската жупанија.

Средби, според кабинетот на министерот, се предвидени и со претседателот на Советот на национални малцинства при Владата на Република Хрватска, Александар Толнауер, со претседателот на Заедницата на Македонците во Република Хрватска Илија Христодулов, со претседателот на Советот на Македонското национално малцинство во Град Загреб, Томе Апостоловски, како и со претставникот на МПЦ во Република Хрватска отец Кирко Велински, при што заедно ќе го посетат градилиштето каде се гради македонската црква во Загреб.

Во организација на Амбасадата на Република Македонија во Загреб ќе се одржи прием во палата „Дверце“ во Загреб по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, каде министерот Едмонд Адеми ќе има свое обраќање.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски