Министерот Адеми во дводневна посета на Белград на средби со македонското малцинство

Од:

Министерот без ресор во Владата на задолжен за дијаспората Едмонд Адеми од утре ја почнува дводневна посета на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на посетата, в понеделник во Белград закажана е средба на министерот Адеми со преставници на македонското национално малцинство во Србија и тоа со Националниот Совет на македонското национално малцинство (НСМНМ), со преставници на трите политички партии на македонците во Србија, преставници на здруженијата на Македонците и на информативните гласила на македонски јазик.

Во вторник, министерот за односи со дијаспората Едмонд Адеми ќе оствари работна средба со српскиот министер за државна управа и локална самоуправа Бранко Ружиќ, во чија недлежност е заштитата и спроведувањето на правата на националните малцинства во Србија.

Во Србија според последниот попис од 2011 година, за разлика од минатите години бројот на лицата кои се деклариларе како Македонци опаѓа или 22.755 лица се изјасниле како припадници на македонската националност, што е околу 0,32 отсто од вкупниот број на жители во Србија.

Според неофицијалните проценки во Србија живеат над 100.000 Македонци.

Според законските прописи на Србија и Билатералниот договор за заштита на правата на националните малцинства помеѓу Србија и Македонија, Македонците во Србија преку НСМНМ кој е државна институција финансирана од Србија ги остваруваат своите малцински права во образованието, културата, информирањето и употребата на мајчиниот јазик и писмотото.

Така предметот македонскиот јазик со елементи на националната култура се изучува во основните училишта во Лесковац, Пландиште, Јабука, Качарево и Гудурица.

Како официјален службен јазик македонскиот јазик е во употреба во општина Пландиште и во населбата Јабука во Војводина.

Во Србија повеќе години успешно работи и Новинско-издавачаката установа „Македонски информативен и издавачки центар“, како и неделната емисија на македонски јазик „Македонско Сонце“ на националниот сервис ТВ Војводина и Банатско сонце на ТВ Панчево.

Во Србија регистрирани се три македонски политички партии – Странка на Македонците во Србија, Демократската партија на Македонците и Македонска странка во Србија.

Според билатералниот договор за заштита на правата на националните малцинства помеѓу Србија и Македонија од 2004 година предвидено е формирање на Мешовита комисија за следење на спроведување на овој договор и на актуелните прашања во врска со малцинските права, но до денес оваа комисија нема одржано ниту еден состанок.

Во Србија во октомври треба да се одржат избори за НСМНМ, а во тек се активности и за измена за Законот за заштита и спроведувањата на правата на националните малцинства, согласно европските регулативи, што е предвидено во поглавјето 23 кое Србија го отвори во пристапните преговори со ЕУ.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада