Министерот Адеми се сретна со постојаниот координатор на ОН, Луиза Винтон

Од:

 Соработката на Република Македонија со агенциите на Обединетите Нации во областа на образованието беа тема на средбата на министерот за обрзование и наука, Абдилаќим Адеми со постојаниот координатор на Светската организација и преставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија, Луиза Винтон.

Како што соопшти МОН, на средбата посебен осврт бил даден на повеќе проекти од взаемен интерес, меѓу кои тековниот проект за образование и обука на лица кои издржуваат казни во Казнено поправните установи во земјата.

– Тема на разговор беше и подготовката на Стратегијата на делување и развојна поддршка на Обединетите Нации во Република Македонија со важност до 2020 година, за што, министерот Адеми потврди учество во дефинирањето на приоритетите во сферата на образованието, но и активен придонес кон глобалните процеси врзани за милениумските развојни цели  содржани во агендата на Обединетите Нации, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on