Министерот Адеми се сретна со претставници на Германската банка за развој

Од:

Претставници на Германската банка за развој KfW денеска на средба го запознале министерот за образование и наука Арбер Адеми со проектот „Регионален фонд“ (Regional Challenge Fund), кој на нивна иницијатива би се спроведувал во следниот период во земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.

– Овој фонд ќе има цел да поддржи мерки за поврзување на стручното образование и обука и бизнис-заедницата. Крајната цел е да придонесе во зголемување на стапката на вработеност, преку поддршка на учениците во стекнување вештини и способности потребни и побарувани на пазарот на трудот, соопшти Министерството за образование и наука.

Иницијативата е во почетна фаза и во моментов се работи на конципирање на планот за нејзиното спроведување.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски