Министерката Шекеринска оствари средба со словачкиот амбасадор Безак

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска се сретна со словачкиот амбасадор Мартин Безак со кого разговараше за билатералната одбранбена соработка и модалитетите за нејзино унапредување.

– Ги цениме напорите и поддршката која ја давате на нашата земја и се надеваме дека ќе возвратиме со добри резултати. Министерството за одбрана е посветено на унапредување на состојбите во Армијата, а ќе направиме и реален план за модернизација под транспарентни и некоруптивни постапки, истакнала министерката Шекеринска.

Таа, како што соопшти Министерството за одбрана, додала дека ја поздравува одлуката Европската унија да го испрати експертот Рајхард Прибе за реформите важни за членството во ЕУ и во НАТО да бидат завршени во поставените рокови. – Познат ни е глобалниот став на поддршка на Словачка за членство во НАТО и се надеваме дека со нашата работа ќе ви дадеме аргументи таа поддршка да продолжи, нагласила министерката Шекеринска.

Словачкиот амбасадор на министерката Шекеринска и ги пренел честитките од словачкиот министер за одбрана Петер Гајдош за нејзиното стапување на функцијата и најавил можна посета на словачкиот министер на Република Македонија.

На средбата станало збор и за иницијативата за поставување на спомен-плоча на загинатите членови на Мониторинг мисијата на Европската Унија во 2001 година, од кои еден беше и припадник на вооружените сили на Словачка. Притоа, министерката Шекеринска посочила дека во координација со надлежните институции ќе биде направено сè оваа иницијатива да се реализира по 16 години и конечно да се оддаде достојна почит на загинатите.

Македонија и Словачка во областа на одбраната соработуваат од 2000 година, кога беше потпишана и Спогодбата за соработка. Таа се развива во логистиката, разузнавањето и размената на искуства во информатиката и военото воздухопловство. Еден од најразвиените сегменти на соработката меѓу двете земји е и воената едукација.

Би можело да ве интересира

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Министерството за одбрана ниту демантира ниту потврдува дека авионите „Сухои“ ќе и ги донира на Украина

A1on