Министерката Дескоска им го честита меѓународниот ден на наставниците

Од:

По повод Меѓународниот ден на наставниците, 5 Октомври, министерката за образование и наука Рената Дескоска упати честитка до просветните работници во која истакнува дека тие се суштинската алка во воспитнообразовниот процес и создавањето успешни идни генерации, кои ќе продолжат да ја водат државата на патот кон развојот и севкупниот општествено-економски просперитет.

– Тимот на Министерството за образование и наука и лично јас како министерка за образование и наука, сме свесни за важноста на просветителската професија. Токму заради тоа, започнавме процес на промени кои ќе значат подобрување на општествениот статус и достоинство на луѓето кои одбрале да бидат наставници. Промените кои ќе водат кон подобро и поквалитетно образование, ќе бидат создавани и имплементирани во соработка со Вас, наведува Дескоска во честитката до наставниците.

Посочува дека изминатиот викенд наставници учествувале во првата од низа работилници наменети за измени и дополнувања на законите за основно и средно образование и дека досегашните предлози и забелешки, како и тие што подоцна ќе пристигнат, ќе бидат сериозно разгледани и вклучени во законските решенија.

– Нашите ученици заслужуваат квалитетно образование, а нашата земја заслужува успешна иднина. Затоа, се надеваме дека блиската соработка со Вас ќе продолжи и во иднина, за заедно, тимски, да ја оствариме благородната мисија за образување на младите. Сакам да искажам неизмерна благодарност до сите просветни работници за сета лична заложба, изразена креативност, жртва и посветеност кон создавањето на нови генерации кои ќе ја градат иднината на оваа држава, истакнува министерката за образование по повод Меѓународниот ден на наставниците.

Би можело да ве интересира

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури