Минимум 100 дена се потребни за измени на Уставот

Од:

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со четирите суштински измени на Уставот на Република Македонија, со цел усогласување со текстот на договорот со Грција синоќа пристигна во Собранието.
Со ова, постапката се префрла во Законодавниот дом.

Во Деловникот, во делот за уставни измени нема предвиден рок во кој претседателот на Комисијата за уставни прашања ќе ја свика Комисијата.

Според најавите Талат Џафери, ќе го применува член 120 од Деловникот кој се однесува за закажување на работни тела, кој гласи „Поканата за седница со предлогот на дневниот ред и материјалите што ќе се разгледуваат на седницата, претседателот на работното тело им ги доставува на членовите на работното тело по правило пет дена пред денот на одржувањето на седницата. Во итни случаи седница на работно тело може да се одржи во пократок рок, а дневниот ред може да се достави и на самата седница“.

Според претседателот на Собранието, кој е и претседател на Уставната комисија Талат Џафери ако се оди во редовна постапка во рок од три дена треба да се согледа материјалот од формално-правен аспект, да се направи консултација со службите и доколку одлуката ги има сите елементи ќе биде испратена до претседателот на државата и до пратениците. Во тој момент тој, во рок од 10 работни дена може да свика пленарна седница, а во меѓувреме да заседава Комисијата за уставни прашања.

Ако не се земе максималниот рок седницата на Комисијата би можела да се одржи и до петок а може да трае максимум 10 дена. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути Според некои пресметки, ако се пријават сите членови за дискусија, Комисијата може да заврши и за околу три дена.

Во првата етапа Собранието, со двотретинско мнозинство, носи одлука за пристапување кон измена на Уставот, и тука веднаш е првиот тест дали е обезбедено двотретинско мнозинство.

Според најавите доколку нема 80 пратеници, веднаш ќе се оди на брзи предвремени избори. Втората е фаза на утврдување на нацрт-амандманите и за тоа е доволно мнозинство од вкупниот број пратеници или 61 глас. Третата фаза е усвојување на амандманите и за тоа повторно е неопходно двотретинско мнозинство или најмалку 80 гласа. Расправата за секој амандман трае најмногу три дена.

Ако постапката се одвива според најкусите можни рокови, за финализирање на фазите ќе требаат најмалку три и пол месеци, што значи дека во идеални услови, уставните измени би биле усвоени кон средината на јануари.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со попреченост да бидат дефинирани во Уставот

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов