Минималната синдикална кошница за декември е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава

Од:

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.075 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5.728 денари или 9,1 отсто, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6.020 денари или 9,6 отсто, за лична хигиена и одржување на хигиена во домот 2.087 денари или 3,3 отсто, за здравје 1.135 денари или 1,8 отсто, за транспорт 4.727 денари или 7,5 отсто.

За комуникации на едно четиричлено семејство во декември годинава му биле неопходни 3.417 денари или 5,4 отсто, за рекреација и култура 4.458 денари или 7,1 отсто, за образование 6.984 денари или 11,1 отсто, за ресторани и хотели 4.131 денар или 6,6 отсто, а за останати стоки и услуги 1.100 денари или 1,7 отсто.

Доколку живеат во изнајмен стан потребни им се дополнителни 21.395 денари.

– Забележително е дека од септември кога беше воведена првата мерка од страна на Владата за ограничувањето на маржите и со последната мерка односно акција за намалување на цените за најмалку 10 отсто, тие даваат резултат, делот на храната и пијалаци во Синдикалната минимална кошница кој за декември изнесува 23.075 денари спореден со септември 2024 година (23.034,00 денари) е зголемен за 41,00 денари, со што се потврдува дека мерки се потребни почесто имајќи предвид дека од страна на трговците се злоупотребува секоја прилика за да се богатат на грбот на граѓаните и работниците, се вели во соопштението.

Загрижува тоа што трговците повторно го искористија периодот пред стапување на сила на последната акција и, како што се наведува, евидентно ги зголемија цените, а дополнително и вредноста на Синдикалната минимална кошница за храна и пијалаци за 63 основни производи кои се дел од истата за декември изнесува 23.075 денари е зголемен за дополнителни 397 денари, наместо да биде намален за најмалку 10 отсто.

– Сојузот на синдикатите на Македонија бара мерките да траат подолго, за Владата значително да придонесе за зачувување на животниот стандард на граѓаните, а следната мерка да биде без за истата да бидат информирани трговците и стопанствениците за да не направат повторно злоупотреби на грбот на граѓаните и работниците, стои во соопштението од ССМ.

Би можело да ве интересира

За да го помине ноември, на едно семејство му требаат најмалку 62 илјади, ако нема кредити и кирија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на Владата имаат влијание, после долго време намалени трошоците за живот

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Минималните трошоци за основни потреби на едно семејство во јули 60.570 денари

Синдикалната минимална кошница за јуни 60.325 денари, зголемена за 235 денари споредено со мај

Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари